ЗА НАС

Фирмата за градежништво и трговија Ројал Стеел ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е во приватна сопственост основана во 2006 година со една деценија зад себе успешно работење на македонскиот пазар.

Фирмата врши увоз на бетонско железо од типот на арматурно-бетонско железо,арматурни мрежи,статик носачи,котори и ребрасти шипки од SIDENOR Грција и ARCELOR MITTAL БиХ ,кои поседуваат сертификати за квалитет.

Ројал Стеел веќе деценија е лидер на пазарот за градежништво во снабдување и испорака на арматурно железо во нашата држава, многубројните успешни соработки со познати градежни компании во Македонија кои се доказ за тоа се, Аеродром Александар Велики, Плоштад Скендер Бег, Балкански универзитет Скопје, Скопје Сити Мол.

Долгогодишната соработка со градежните компании зборува за нашата професионалност и успешност во оваа дејност,со мотив за проширување на нашиот бизнис.

Услуги:

Испораката на нашите производи ја вршиме со наш транспорт до вашиот објект или склад.
Транспортот се врши низ целата територија на Македонија.
Испораката е секогаш навремена ,Ваше е да порачате,а ние ќе го организираме сето останато.